Мунџи Селим, шеф на Црвената полумесечина во јужната туниска провинција Меденини, изјави дека спасувањето на мигрантите, главно од Бангладеш, било изведено крај крајбрежниот град Бен Гуердане
Од хуманитарната организација наведоа дека ова е најголем број спасени мигранти крај тунискиот брег во една операција.
– Мигрантите, од кои 264 беа од Бангладеш и тројца од Египет, се смета дека тргнале од либискиот град Зувара, изјави Салим.
Засега останува нејасно дали има удавени меѓу мигрантите од бродот.
Илјадници мигранти секоја година ги ризикуваат своите животи преминувајќи од Тунис и Либија во потрага по подобар живот во Европа, пренесува ДПА.
Најмалку 41 мигрант починаа во април, откако нивниот брод потона крај тунискиот брег
Според Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), само годинава во водите на Медитеранот се удавиле повеќе од 550 лица.