Овозможено е и присуство на публика на спортски натпревари, а бројот на граѓани кои можат да се соберат на отворен или затворен простор е зголемен на 500 лица, јави дописникот на МИА од Белград.
Членот на кризниот штаб, Зоран Гојковиќ изјави дека е заклучено дека епидемиолошката состојба во Србија во моментов е стабилна и дека подолго време има стагнација и константен број на новозаразени лица.
Поради тоа, Кризниот штаб и препорача на Владата да ги релаксира мерките во следниве области:
1) Сите продавници и сите продавници за малопродажба можат да работат во редовното работно време од 0 до 24 часа, нема повеќе ограничувања за работењето на објектите.
2) Сите угостителски објекти на отворено можат да работат неограничено. Работното време на објектите во затворен простор се продолжува до 01 часот по полноќ, со сите анти-епидемиски мерки што беа пропишани досега. Музиката е одобрена и во угостителските објекти.
3) Се препорачува да се дозволи присуство на публика на стадионите на сите спортски настани, со капацитет на отворените терени до 50 отсто од капацитетот, а во затворени простории до 30 отсто.
4) Се дозволува собирање на 500 луѓе и на отворено и на затворено.
5) Матурските свечености се дозволени со услов да не можат да се соберат повеќе од 500 луѓе во затворено. Опуштањето на мерките се однесува и на рекреативната настава за учениците од основно училиште, средношколците и високото образование, а ќе бидат можни и екскурзии во рамките на воннаставните активности.