Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оддржа работна средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската Инвестициона Банка.
На средбата се разговараше за реализација на капиталните инвестиции и можноста за финансиска поддршка за истите од страна на ЕИБ.
Министерот Николоски истакна дека Владата преку Министерството за транспорт е силно фокусирана на реализација на крупни капитални проекти што се од економско значење за домашната економија и регионалното поврзување.
Тој изрази благодарност за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува ЕИБ за реализација на капиталните проекти, притоа изрази целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период за проекти од заеднички интерес.
-Европската Инвестициона Банка е долгогодишен партнер на Македонија во изградба на капитални добра со кои ја подобруваме инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните. Верувам дека таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период од причина што владината програма предвидува сериозни проекти во инфраструктурата. Ова беше успешна средба каде ги потенциравме проритетите, истакна министерот Николоски по средбата.