Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за вчерашнaта случка на Левица во Собранието и потенцираше дека Апасиев не ја кажува целата работа, а тоа е дека има преговарано со Талат Џафери.
-Мислам дека главната работа Апасиев не ја кажува, тоа целно не ја кажува, затоа што доколку ја каже тогаш јавноста и неговите следачи, поддржувачи треба да се соочат со фактот и вистината дека тој во суштина има преговарано со Талат Џафери, а за што го обвинува ВМРО-ДПМНЕ? Зошто ова го тврдам, затоа што деловникот се разгледуваше по редовна постапка, рече таа.
Пратеничката Стојаноска објасни дека Деловникот бил донесен по редовна постапка.
-Вчера се дебатираше за Деловникот на пленарна седница, пред тоа следеа две комисиски расправи на Комисијата за деловнички мандатно имунитетни прашања. Деловникот беше поднесен по редовна постапка. Плус на ова е работено наназад 5 години. Тоа е Жан Моне процесот, едно време ние го бојкотиравме, затоа што не бојкотираа нас од сите процеси. Јас не реков дека тоа е идеален деловник, но би рекол дека е оптимум и секако подобар од овој што досега беше, кажа таа.
Стојаноска потсети дека на 10 октомври имало расправа за Деловникот каде Апасиев рекол дека ќе поднесат суштински амандмани, за да после 9 месеци се увиде дека Левица има поднесено 1900 амандмани и тоа покажува дека Апасиев не си стои на кажано и прави филибастеринг.
-И сега на првото читање на овој деловник кога ја разгледувате потребата има една општа расправа по однос на поднесениот предлог закон, тоа беше на 10 октомври, 16 седница на оваа матична комисија, зборуваше предлагачот Талат Џафери, зеде збор пратеник од власта, јас зборував, професорката Силјановска Давкова и Апасиев и ги кажаа нивните мислења. Од снимките може да се провери каде Апасиев изјави дека ќе поднесат суштински амандмани. Поминува период од месец дена, поточна на 9 ноември се свикува второто читање на Деловникот, Левица имаат поднесено 1900 амандмани, значи не останува на зборот Апасиев, затоа што рече дека ќе поднесат само суштински амандмани. Значи на некој начин прави филибастеринг, значи овој кој едно време беше советник на СЈО и не му одговараше филибастеринг, додаде Стојаноска.