Пет години подоцна, на крајот на април, Управниот суд во Загреб донесе пресуда за случајот Младен Кочиќ и Иво Шегота дека не смеат да бидат дискриминирани во постапката за проценка за посвојување затоа што склучиле животно партнерство.

-Оваа историска пресуда ги отвора вратите за сите хомосексуални и лезбејски парови во Хрватска кои сакаат да станат посвоители и потврдува дека партнерите во животот мора да ги имаат истите права како и сопружниците во сите постапки, се вели во соопштението на Здружението.

Сега, според ова здружение, на ред е Министерството за труд, пензискиот систем, семејство и социјална политика, кое треба да ја исправи неправдата во идните активности, имајќи ги предвид законите, Уставот, конвенциите и одлуката на Уставниот Суд за усвојување, објави „Индекс“.