Неговото мислење ви го пренесуваме во целост:

Не се работи само за шугава песна и шугав настап на шугавата Евровизија. Никогаш и не се работело за тоа, зашто Евровизија е политизирана до коска последниве 30 години. Токму затоа, ти Василе Гарванлиев, не си пожелен да не претставуваш како народ.

Го утна тајмингот, начинот, пристапот… Ептен во невреме го направи тоа што го направи. Наместо да ни се доближиш, ти избра да провоцираш, а сега уште и да го игнорираш она што ти се случува. Избегнуваш новинари, бегаш од изјави и бегаш од извинување кон нас Македонците. Три дена те нема да бекнеш!!! Се криеш ко пичка под кошуља! Може ти рекле, ќути си, почекај глупите Македонци да подзаборават…. Гомна подмолни!

И затоа мило ми што на најтешкиот начин ти се соголи лагата со која си живеел, која дома ти ја кажувале претпоставувам. Дека Македонците се Бугари!!! Виде на каков начин дозна дека не се!!! Не е пријатно а? Е па како да ти кажам…
Од сега па натаму каде и живееш, ќе живееш и со сознанието дека некаде постојат Македонци кои важат за трпеливи и кротки, додека не пробаш да си го избришеш газот со нив.

Ти проба, затоа ние со тебе ќе избришеме патос. Ти не можеш да не претставуваш никогаш и никаде. Тоа го покажува и петицијата што ја потпишуваме за да го спречиме твоето учеството на и онака шугавата Евровизија. Не мора да учествуваме на неа оваа година, но важно ќе биде таму да чујат, а да чујат и пошироко, зошто не те сакаме како наш претставник. Тоа ќе биде добра поента за целиот напор на таа ЕУ што го вложи во планот на Бугарија за асимилација на Македонците и поделба на државата. Нека чујат и оние кои не ги интересира политика, со какви фашистички операции се соочуваме како народ, во 21 век, во нивната посрана дволична ЕУ.

Биди барем малку доблесен, самиот откажи го учеството на Евровизија. Одма. После слободно сурфај на органот за седење во Варна или Бургас, колку ти душа сака. Се уште чекаме од полицијата да ги повика сите автори на спотот да поразговара со нив за антимакедонските провокации и големобугарскиот шовинистички испад кои го направија.

Не се работи само за шугава песна и шугав настап на шугавата Евровизија. Никогаш и не се работело за тоа, зашто…

Posted by Sasho Tasevski on Monday, 15 March 2021