Со синоќешната реконструкција на Влада се назначи и нов лидер на младите на ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески е нов претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓа на местото на Сергеј Попов. Одлуката беше соопштена по седницата на Извршниот комитет на партијата. Со ова, УМС добива ново раководство во период кога ВМРО-ДПМНЕ најавува нова енергија и ново забрзување.
Покрај Конески, Марија Митева е избрана за нова претседателка на Унијата на жени. Нови претседатели добија и општинските комитети во Кичево, Битола и Прилеп.
