Се наоѓаме на прагот на локалните избори на кои што се судбоносни. Јас ќе потенцирам овие избори кои што се на 17-ти октомври се едни од најважните избори за Република Македонија и за општина Конче. Се наоѓаме на еден крстопат каде штоп треба да одлучиме дали ќе имаме промени или ќе останеме како што бевме изминатите четири години, вели Цветан Трипуновски, претседател на Републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Трипуновски рече дека наместо живот како што ветуваа СДСМ уште во 2017та година, донела беда, глад, а македонското земјоделство со нив го допрело дното.
Но, пред да продолжам морам да потсетам што се` СДСМ ветуваа во предизборието во 2017-та. Тогаш, Зоран Заев ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој прв да го земе квалитетниот земјоделски производ, дека ќе плаќаат со огромни цени, ветуваа гарантни фондови кои што државата ќе ги обезбеди за да може да им помогне на земјоделците во тешките моменти, ветуваа милиони инвестиции во водостопанството. Ветуваа живот, а она што го донесоа е беда, глад и неживот, рече тој.
Реалноста е сосема поинаква. Сведоци сме дека нема земјоделските гранка ширум Република Македонија која што не го допре дното, дали збориме за лозарите, за оризарите, дали за градинарите, или тутунарите. Нема редовна исплата на субвенциите, нема инвестиции, нема модерно земјоделско производство. Сведоци бевме дека многу земјоделски производи завршија на буништата ширум државата, наместо на светските пазари. Едноставно кажано македонското земјоделство го допре дното, потенцираше Трипуновски.
Трипуновски истакна дека актуелниот градоначалник на Конче од СДСМ, не застанал позади земјоделците, порачувајќи дека граѓаните треба да го испратат во историјата, бидејќи заслужуваат човек за градоначалник кој од општина Конче ќе направи модерно место за живеење.
Сегашниот актуелен градоначалник треба да го испратите во историјата затоа што општина Конче заслужува многу подобар татко кој што ќе ја води општината и ќе направи модерно место за живеење, ќе биде заштитник и вистински татко на сите граѓани, додаде Трипуновски.
Трипуновски порача дека овие избори се почеток на крајот на СДСМ.
На овие избори треба да почне падот на СДМС. Овие избори треба да бидат почетокот на крајот на Зоран Заев, порача тој.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада и заедно со локалната самоуправа ќе ја води државата напред. Стоиме пред вас и даваме ветување дека првата работа која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи како идна влада е измена на постојниот закон за тутун и ќе забраниме увоз на тутун до моментот додека не се откупи последното ливче македонски тутун, дециден е Трипуновски.
На 17-ти октомври со заокружување на бројот 7 создаваме нова иднина за сите земјоделци штирум Република Македонија, истакна Трипуновски.