Хрватското МВР соопшти дека во пет жупании се води кривична истрага поради сомнение дека е сторено кривично дело јавно поттикнување тероризам.
Според хрватското МВР, станува збор за истрага „поради сомневања за дејствија кои поттикнуваат кршење на основните уставни, политички и економски структури на Хрватска со напад на физичкиот интегритет на други и јавни објекти“, објави порталот „Индекс“.
Индекс неофицијално пренесува дека меѓу приведените се и Марко Францишковиќ, еден од говорниците на неодамнешниот протест против ковид-потврдите во Загреб и Шибеник, Натко Ковачевиќ, кој важи за теоретичар на заговор и кој во 2016 година на на емисија на ХРТ презентираше теории за „Бил Гејтс кој сака да ги убие Хрватите“.
Според тој медиум, меѓу приведените е и Денис Башнец, кој се претставува како лекар по природна медицина, фитотерапевт, билкар и нутриционист.
Полицијата во моментов ги претресува нивните простории, возила и трага по оружје, мобилни телефони, компјутери, УСБ-стикови и друг материјал кој би им помогнал во истрагата.