Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони – вклучително и еден кој очигледно се гледа себеси како Џејмс Бонд и на „Скајп“ го користи прекарот „џејмсбонд007“, пишува „Телеграф“, додавајќи дека ова е еден од обидите да се посрамоти Москва.
Украина не откри како дошла до списокот, но истражувачката новинарска група Bellingcat вели дека некои информации се чини дека се засновани на претходно протекување на податоци.
Официјални лица ги обвинуваат наведените за вмешаност во криминални активности низ Европа, а некои од идентификуваните биле активни во Велика Британијa. Списокот ги вклучува нивните имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши, телефонски броеви, регистарски таблички на автомобили, адреси, па дури и нивните навики, пишува весникот.
„Телеграф“ пишува дека за еден шпион се вели дека сака премиум автомобили, а за друг дека е алкохоличар кој постојано ги прекршува сообраќајните прописи.
Но, украинските власти, исто така, ги обвинуваат шпионите дека се вмешани во криминални активности во Европа.
Украинците не откриваат детали како дошле до списокот. Но, Арик Толер, истражувач на Bellingcat, вели дека некои податоци се чини дека се засновани на претходни протекувања од чувствителни руски разузнавачки служби.
Минатата недела, Русија, наводно, започнала потрага по западни шпиони во ФСБ, што имплицира дека Москва стравува дека има шпиони во агенцијата кои работат за другата страна.
Владимир Путин, пишува „Телеграф“, наводно ставил некои високи агенти на ФСБ во домашен притвор. Се чини дека тој потег е одмазда за деталните планови за руска инвазија собрани и објавени од западните разузнавачки агенции.