Подготвителната седница за Законот за јазиците е одложена поради новонастанатата правна состојба
Уставниот суд ја оцени ситуацијата со поништувањето на изборот на судијката Елизабета Дуковска како правен преседан. Каков што досега не се случил во историјата на институцијата. Судот не ја коментира пресудата на Управниот суд. Наведува дека дејствијата на Судскиот совет, Собранието и управните судови предизвикале сериозни правни импликации. Тоа директно влијаат врз понатамошното постапување на Уставниот суд.
Одлуките на судијката нема да се преиспитуваат
Уставниот суд добил официјален допис од претседателот на Собранието со кој му е доставена пресудата У-5 бр.380/2025 од 15 мај 2025 година. Судот наведува дека, согласно член 112 став 2 од Уставот, неговите одлуки се конечни и извршни, и нема да ги преиспитува по службена должност одлуките во кои учествувала судијката Дуковска.
Одложена седница за Законот за употреба на јазиците
Како последица на правниот преседан, подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, закажана за 19 јуни 2025 година, е одложена. Причината е што судијката Дуковска е известител за овој предмет, а Судот донел заклучок дека постапувањето мора да биде во полн состав.
Причината за поништувањето: Нееднакво разгледување на кандидатите
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска поради неправилности во постапката. Според пресудата, Судскиот совет не ги разгледал подеднакво сите предложени кандидати, ниту ги почитувал критериумите од Законот за судски совет. Одлуката била донесена без целосна и правично спроведена селекција.
Последици врз легитимитетот и постапките на Судот
Иако пресудата не ја оспорува директно надлежноста на Уставниот суд, создава правна неизвесност и ризик по легитимитетот на одлуките каде учествувала судијката. Судот нагласува дека оваа ситуација претставува нов правен контекст што ќе влијае врз идното функционирање и интегритет на институцијата.
Извор: Миа