Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат следните корисници:

• од 07:45 до 15:30 часот, корисниците од ул. Палмиро Таљати, ул. Маџари и Маџари 3 (општина Гази Баба )

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од с. Шишево. (општина Сарај )

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре поради водоводен приклучок Ф-1“ на ул.Борка Талевски 71,општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Борка Талевски и Атинска.водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до изведување на водоводниот приклучок. (општина Карпош)