Две третини од 3.235 учесници во студијата во САД примиле вакцина, а една третина плацебо.
-Студијата покажа ефикасност од 96 проценти. Вакцината mRNA-1273 е генерално добро прифатена и досега не е забележано ништо сериозно за да покрене прашања за безбедноста на вакцината, се вели во соопштението на компанијата.
Студијата откри 12 случаи на коронавирус 14 дена по првата доза. Резултатите се базираат на следење на испитаниците во просек 35 дена по втората доза на вакцина.
Фармацевтската компанија соопшти дека несаканите ефекти биле лесни или умерени, најчесто болка на местото на инјектирање. По втората доза, несаканите ефекти вклучуваат главоболка, замор, болки во мускулите и треска, слични на оние забележани кај возрасните кои примиле вакцина.
Вакцината во моментов е одобрена само за лица над 18 години.