– По шест недели опаѓање на случаи со Ковид-19 во јануари и февруари, сега имаме четврто последователно зголемување на бројот на случаи. Во моментов, бројот на смртни случаи продолжува да опаѓа, но со побавно темпо, нагласи Тедрос.
Според него, бројот на случаи се зголемува во повеќето региони.
– Ова се загрижувачки трендови што го покажуваат влијанието на мутациите на вирусот, отворањето на општествата и нерамномерното воведување вакцини, додаде шефот на СЗО.
Во последните 24 часа, повеќе од 535.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 се пријавени ширум светот, а речиси 10.000 луѓе починаа, соопшти СЗО.
Во изминатиот ден се регистрирани 535.860 новоинфицирани и 9.868 смртни случаи.
Регистрирани се 233.900 нови случаи во Европа. Следат Северна и Јужна Америка со 195.970 и Југоисточна Азија со 49.211 новозаразени. САД се уште имаат најмногу случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата – повеќе од 29 милиони, следуваат Бразил и Индија со повеќе од 11 милиони.