Првпат документиран лов на бела ајкула во Мексико

Иако орките претходно се забележани како напаѓаат ајкули во Јужна Африка, Австралија и Калифорнија, ова е прв пат таков лов да биде документиран во водите околу Мексико, според истражување објавено во списанието Frontiers in Marine Science.

Во еден инцидент снимен во август 2020 година, пет женски орки координирано нападнале млада голема бела ајкула. По успешно отстранување и делење на црниот дроб, само неколку минути подоцна тие нападнале друга млада ајкула, повторувајќи ја истата тактика.

Сличен напад бил забележан и во август 2022 година, кога мешана група орки нападнала и го изела црниот дроб на друга бела ајкула.

Тактика на „тонична неподвижност“

Студијата објаснува дека орките ја имобилизираат ајкулата со вртење на грбот, предизвикувајќи состојба позната како „тонична неподвижност“. Ова ја прави ајкулата неподвижна и овозможува полесно ракување со пленот, без ризик од каснување.

„Ракувањето со плен и предизвикувањето тонична неподвижност е полесно кај помалите бели ајкули, со што се намалува и ризикот од каснување“, наведува студијата. Доказите покажуваат конзистентност во нападите, што укажува на ефикасна маневрирачка способност на орките за да ја свртат ајкулата и да овозможат пристап до органите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ORCAS MEXICO (@orcasmexico)

Закана за популациите на ајкули

Ерик Игера, морски биолог и автор на студијата, изјави дека повторените напади укажуваат дека младите големи бели ајкули можат да станат редовна сезонска цел за орките. Тоа би можело да стави значителен дополнителен притисок врз нивната популација.

„Овие податоци нудат нови сознанија за екологијата на орките во Калифорнискиот Залив и можат да помогнат во зачувувањето на големите бели ајкули и орките“, заклучи Игера.