Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на Џефри Епштајн во неговата ќелија на 10 август 2019 година.

Финансиерот бил приведен во Metropolitan Correctional центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, објавува „Телеграф“.

Околностите на смртта на Епштајн, официјално прогласени за самоубиство, како и неговите врски со голем број моќни и познати личности, вклучувајќи претседатели, медиумски магнати и членови на кралското семејство, поттикнаа бројни теории на заговор дека тој бил убиен.

Досега, снимката од откривањето на телото никогаш не беше јавно објавена.