Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски утрово гостуваше во утринската програма на Радио Лидер, каде одговори на прашањето дали Европската Унија може да предизвика колапс на македонската економија преку новиот систем за влез на камионџиите.
Електронска евиденција и проблеми за професионалните возачи
„За проблемов алармираме година дена, но очигледно требаше да се доведе до ситуација на ескалација да предизвика внимание. Имено, се работи за државите кои се во рамки на Шенген воведуваат ситем на електронска евиденција при влез во истите. Тоа е нивно право, светот оди напред, се дигатализира. Согласно правилата на Шенген зоната туристички едно лице може да остане максимум до 90 дена во рамки на 180 дена. Проблемот е што ова правило се воведува и за професионалните возачи и оние кои работат во транспортните компании од причина што ЕУ не може да најде легална форма да го регулира нивниот статус. Проблемот е што работни визи не можат да им издадат затоа што немаат работодавач на другата страна. Многу ретко е истиот клиент, најчесто се различни клиенти затоа што се работи за транспорт на добра. Еднаш носат за Франција, друг пат Германија, трет Словенија и така натаму. Невозможно е да се издаде работна виза, нешто што би била најелегантно решение за проблемот, рече вицепремиерот Николоски.
Закана за извозот и транспортниот бизнис
Министерот предупреди дека дополнителен проблем е транзитот, особено за извозот кон Велика Британија, која е втор најголем трговски партнер на Македонија. Тој посочи дека најголемиот поединечен извоз се реализира кон Англија и дека транспортот се одвива преку Европа и Ла Манш. Со новите услови, според Николоски, транспортниот бизнис ќе стане неисплатлив, а времето што возачите ќе можат да го поминуваат во Европската Унија ќе се намали за најмалку 50 отсто.
Од друга страна тие не најдоа решение во претходните година да најдат решение. Да не зборуваме дека има проблем со транзитот. На пример ние имаме многу сериозен извоз за Велика Британија која е трговски партнер број 2 за Македонија. Поединично најголемиот извоз од еден ентитет, тоа е Џонсон Мети се прави кон Англија. Камионите кои ја носат таа роба транзит минуваат низ Европа, па преку Ла Манш стигнуваат до Англија. Сега со овие услови ќе стане целосно неисплатлив транспортниот бизнис. Ќе се намали најмалку се 50 отсто времето кое ќе можат возачите да го минуваат во рамки на Европската Унија. Ќе се створат и практични проблеми – се работи за отворен пат, тешка професија со снегови, дождови. Значи не по нивна волја може да заглават, па прашањето е што ако заглават и што се случува со робата која ја носат?, прашува Николоски за Радио Лидер.
Протести и ризик од економски последици
Николоски оцени дека станува збор за огромен проблем кој не ја засега само Македонија, туку сите земји од Западен Балкан. Тој најави дека од понеделник ќе започнат протести кои ќе траат до седум дена, со затворање на гранични премини кон Шенген зоната, во кои ќе учествуваат превозници од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со исклучок на Албанија.
Проблемот е огромен. Не се однесува само за Македонија, туку за сите држави на Западен Балкан. Од понеделник ќе има протест на сите, освен на оние од Албанија. Значи, ќе има од понеделник протест кој би траел до 7 дена со затворање на гранични премини кои водат кон Шенген зоната. Превозниците од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцегодина. Тоа е она што е одлучено. Се работи за огромен економски проблем кој може да ја колабира македонската и регионалната економија. Имаме мали економии ориентирани кон извоз, сите СДИ кои носат девизен прилив на Македонија, висок број на компании имаат извоз, а со ова би запрела економската извоз. Ако превозот поскапи нашите фирми ќе бидат неконкурентни. Имаме разбирање за македонските транспортери и ги поддржвуаме нивните барања“, заклучи Александар Николоски.
Погледнете го целото гостување:
