Опозицијата смета дека критичарот на режимот на претседателот Александар Лукашенко дал изјава под присила.
Во своето трето појавување откако властите го принудија авионот на Рајанер да слета во Минск на 23 мај, Протасевич во четвртокот вечерта призна дека планирал да го симне од власт претседателот Александар Лукашенко со организирање немири и ги повлекол претходните критики кон белорускиот лидер.
За Лукашенко рече дека прво го критикувал, но дека колку повеќе истражувал во политиката, толку појасно сфаќал дека многу од работите за кои бил нападнат се обид да се изврши притисок. Во интервју за белоруската телевизија, Протасевич исто така рече дека покровителите на неговиот канал планираат да преминат на спроведување на „руската агенда“ откако протестите во Белорусија стивнаа, додадаваат белоруските медиуми.
Како што рече, се рзговарало за тоа дека може да биде создаден посебен канал за Русија.
Во едно интервју, Протасевич призна и дека бил во баталјонот Азов во Донбас во 2014 година, но не и во борбената зона.Тој додаде дека се надева дека Лукашенко нема да го предаде на властите на самопрогласената Луганска народна република, каде Обвинителството утврдило дека учествувале во акции за време на кои кон цивили бил отворен оган.
Во интервјуто, Протасевиќ со солзи во очите вели дека се надева дека еден ден ќе има жена и деца.
“Болно е да се видат” признанијата на Роман Протасевич. Неговите родители веруваат дека тој бил измачуван. Ова не е Роман што го знам”, рече Франак Виачорка, висок советник на белорускиот опозициски лидер Светлана Тихановска.
Тој на Твитер изјави дека „овој човек на телевизијата е заложник на режимот“ и дека мора да се стори се што е можно за да се ослободи Протасевич и уште, како што тврди, 460 белоруски политички затвореници.