Пожарот во француската покраина Жиронд продолжува да се шири кон Бордо, а локалните власти разгледуваат повеќе можни сценарија, меѓу кои и целосна евакуација на градот доколку ситуацијата дополнително се влоши.
Портпарол на градската управа изјави дека во моментов се анализираат сите можни насоки во кои би можел да се развива пожарот. Меѓу нив е и евентуално целосно евакуирање на Бордо.
Густ чад веќе се чувствува низ градот, а квалитетот на воздухот значително се влошил, што може да предизвика респираторни проблеми кај жителите.
#Gironde #Pompiers #Feu
Des pompiers pris au piège dans le feu et qui utilise l’auto-protection pour sauver leurs vies. pic.twitter.com/wYlrajBDh9— Soldat Pithivier (@Pithivier85) July 25, 2026
Префектурата на Жиронд веќе нареди нови евакуации во околината на Бордо, особено во делови од населените места Маршеприм и Сестас, кои се наоѓаат на помалку од 30 километри југозападно од градот.
Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави дека дел од жителите одбиле да ги напуштат своите домови.
„Овој пожар е непредвидлив. Секојпат кога ќе помислиме дека сме ја ставиле ситуацијата под контрола, тој повторно нè изненадува“, рече Стеф.
Во гаснењето се ангажирани околу 1.400 пожарникари, 1.500 војници, 1.700 припадници на безбедносните служби и воздушни противпожарни сили.
Според последните проценки, пожарот досега зафатил околу 42.000 хектари, затворен е дел од автопатот А63 меѓу Бордо и Шпанија во должина од 60 километри, а 220.000 луѓе се евакуирани од областа Жиронд.
