Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска, со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата, го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјава.

Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Во продолжение може да поглднете како беше заедничката изјава на ирскиот премиер Варадкар и премиерот Ковачевски:

Според агендата, предвидена е тет-а-тет средба на двајцата премиери, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. По одржувањето на билатералната средба, премиерот Ковачевски и премиерот Варадкар ќе одржат заедничка прес-конференција. Во составот на македонската делегација се присутни и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.