Поранешниот легендарен ракометен голман, а сегашен министер за спорт, Борко Ристовски утрово беше гостин на Радио Лидер. Тој зборуваше за неговиот ангажман на министерската позиција.

Една од првите работи што се зафатив како министер тоа е да биде сите оние спортисти кои рекламираат казина и спортски кладилници да ги оттргнеме од рекламите. Мислам дека успеавме. Јас бев еден од организаторите и постигнавме договор да ги повлечат своите рекламирања, а спортистите да ги прекинат своите рекламирања со нив, да не им се продолжуваат и повеќе спортистите да не рекламираат кладилници, казина и брзи кредити, вели Ристовски за Радио Лидер.

Тој направи паралела со Србија. Потенцираше дека треба да гледаме во својот двор.

Некој ќе каже „да, ама еве во Србија го прават тоа“. Во Србија што прават тоа е нивна работа. Ајде да гледаме во својот двор и да ја направиме Македонија стварно да биде понормално општество.

Тој ја објасни мерката.

Успеавме да излобираме џентлменски. Имавме разговор со тие компании за да не мораме да бидеме прифатени да менуваме закони. Компаниите беа доста коректни. Може и самите да видите дека нови реклами и договори повеќе нема. Веќе не промовираме казина и кладилници. Со ваквиот потег направивме основа што понатаму нема да се шири. Рекламите се на секој чекор, но нема да дозволиме и спортисти да бидат дел од тоа.