Говорејќи за причините за преселбата во САД, Хари јасно призна дека тој и Меган се одлучиле на тој чекор затоа што таа повеќе не можела да поднесе некои работи, а Кралското семејство, какo што тврди Меган, не сакало да и помогне.
-Никој повеќе нема да ме натера да замолчам. Мислев дека семејството ќе ми помогне, но сите мои прашања, барања, предупредувања, ги поздравуваа со целосна тишина и непочитување. Работевме напорно четири години за да успее. Направивме се што е во наша моќ да останеме таму и да продолжиме да ги извршуваме нашите должности. Но, Меган не можеше да се избори со тоа, рече Хари.
-Чувствувајќи се како заробен во семејството, немаше опција да заминам. Кога конечно ја донесов одлуката за моето семејство, јавно ми рекоа дека не смеам да заминам. Па, колку лошо треба да биде з нешто да не ми се дозволи? Меган сакаше да се самоубие, до тоа не требаше да дојде, рече тој, додавајќи дека размислувала за самоубиство во шестиот месец од бременоста со нејзиниот син Арчи, додека во јануари 2019 година возеле кон Ројал Холберт Хол.
-Меган одлучи да ги сподели со мене самоубиствените мисли и начини да му стави крај на својот живот, призна Хари во документарецот кој е наменет за да ја отстрани стигмата од менталните и психолошки проблеми.
Хари го опишува периодот помеѓу 28 и 32 години како кошмар.
-Сакав да пијам, да се дрогирам и да правам други работи што ми помогнаа да чувствувам некои работи помалку. Пиев не затоа што уживав, туку затоа што се обидував да сокријам нешто, рече Хари, додавајќи дека во тоа време страдал од силни напади на вознемиреност.