Последните метри од улицата „Воин Драшкоци“ во Хром ги завршуваме денеска на голема радост на сите жители од општина Ѓорче Петров, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.
-Хром ја добива најубавата улица во Ѓорче, нов асфалт, нов коловоз, со нови тротоари од двете страни и нова атмосферска канализација која што верувам дека целосно ќе ги реши проблемите кои ги имавме со одведувањето на атмосферските води во овој дел, рече тој.
Градоначалникот им посака на граѓаните со убаво да си ја користат новата улица.
View this post on Instagram
