Белата куќа наскоро објави по повод падот на Бајден и истакна дека претседателот е добро и дека не му е потребна лекарска помош.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави видео од поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој ја коментираше несреќата на Бајден на скалите пред насобраните.

Според светските медиуми, зборувајќи пред луѓето во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, Трамп се потсмевал на падот на политичарот кој го победи на претседателските избори во ноември минатата година.

-Го гледав Џо Бајден како се качува по скалите денеска…Не изгубив од него. Не изгубивме од него. Скоро 75 милиони гласови, а веројатно и повеќе од тоа, додаде тој, како што пренесува „Раша тудејс“.

Трамп во неколку наврати истакна дека претседателските избори биле наместени во корист на Бајден. Во меѓувреме, тој беше блокиран на социјалните мрежи поради таквите зборови, и му се судеше пред Сенатот за предизвикување немири на 6 јануари и упад во зградата на Конгресот во Капитол Хил. Во инцидентот загинаа пет лица.

Сепак, Трамп беше ослободен од обвинението дека ги поттикнувал масите и предизвикувал немири.