Улиците, пабовите низ Лондон се полни со италијански и англиски навивачи, но и со навивачи кои се обидуваат во последен момент да дојдат до билет.
На социјалните мрежи има доста фанови кое се обидуваат да ги продадат своите влезници и со тоа добро да заработат.
Утринава на Ибеј најскапите влезници се продаваа за 35.000 фунти додека најмалата сума која мораше да се одвои за да се купи билет за финалето изнесуваше 1.650 фунти. На Фејсбук пак две влезници се продаваа за 7.000 фунти.