Додека јавноста очекува решенија на Градот за јавниот превоз, еклатантно неспособната Арсовска го принудува директорот на „Паркови и зеленило“ да чита текстови напишани од консултантите на Град Скопје најмени за 4 милиони денари, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да се занимава со невистини и лаги пласирани од неспособната Арсовска. Јавноста денес очекува одговори зошто нема навремен и комплетен јавен превоз? И второ, Арсовска треба да одговори што се договорила на тајната средба со премиерот Ковачевски, на која присуствувал и Стевчо Јакимовски, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.