Од партијата потсетуваат дека прогнозите на министерот за здравство во почетокот на кризата беа околу 2000 заболени лица, но само починати има повеќе од двојно од предвидувањата на Филипче.

– Нема реагенси, нема тестови… Која е целта на Филипче да каже дека ситуацијата е под контрола штелувајќи ги бројките на новозаболени или можеби математиката од набавка на реагенсите не му излегува, нема провизии, велат од ВМРО-ПДМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка.