– Заев ветуваше почеток на преговори со ЕУ, две години тие само што не почнале, а лажеше дека и поглавја се отвораат. Политиката на Заев е една огромна лага и погазување на државата. Заев го погази идентитетот. Тој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ се едно исто, дека имаат заедничка историја и дека македонската историја почнува по 1945 година. Се што можеше да се осквернави, Заев осквернави. Сакаше и тргуваше со јазикот, идентитетот и историјата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Позициите на Македонија се темелно нарушени, додаваат од опозициската партија и според нив за таквата ситуација виновен е лично Заев.

– Понижувањето на државата е плод на политиката на свиткана кичма на Зоран Заев. Попусти се сега сите обиди да се вади од калта. Наместо тоа потребна е оставка веднаш. Сите политики на Заев се поразени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.