Во најновиот извештај на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦДДА) се наведува дека продолжуваат да се зголемуваат смртните случаи во Европа предизвикани од дрога.
Според податоците на ЕМЦДДА најголем број починати лица од дрога во земјите-членки на ЕУ се регистрирани во Германија. Бројот на смртни случаи поврзани со дрога во Германија во 2021 година изнесуваше 1.826, бројка двојно поголема од пред 10 10 години.
Германија е на прво место во ЕУ, а потоа следат Шпанија (774), Шведска (450) и Франција (417).
Според извештајот на Агенцијата на ЕУ со седиште во Лисабон, во 2021 година имало вкупно најмалку 6.166 смртни случаи од предозирање со дрога во 27 земји-членки на ЕУ.
Тоа е речиси 17 смртни случаи дневно и значително повеќе отколку во 2020 година (5.796) и 2019 година (5.141).
Смртноста од предозирање во ЕУ во 2021 година изнесуваше 18,3 смртни случаи на милион жители на возраст од 15 до 64 години.