Бујар Османи, го украси Студио 10 со својата мудрост, сугерирајќи дека демонизацијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) има партиско – политички карактер, Барајќи го виновникот надвор од дејствијата и редовите на ДУИ, Османи повторно се одлучи да спинува, искривувајќи ја реалноста за да одговара на неговиот наратив.
Според Османи, изборот на албански премиер е триумф за државата, како политичкиот успех да се мери исклучиво според етничката припадност. Заборавете на политиките, управувањето или компетентноста – се што ви треба е вистинската позадина. Преминете над меритократијата, тука доаѓа етнократијата!
Османи тврди дека ДУИ не е само партија; тоа е светилник на интеграција. ДУИ секогаш се залагаат за единство и европеизација, Залагањата за единство се особено силни пред избори кога имаат потреба од подгревање на етнички тензии или кога имаат слаби резултати по анкетите. ДУИ немаат ништо друго да понудат освен играње со етничка политика која служи да се покрие неверојатниот криминал кој трае две децении.
Во светот на Османи, Македонците се заглавени негде пред 2001 година, Македонците сонуваат за враќање на етничкиот монопол, а секој што е незадоволен од методите и политиките на ДУИ едноставно страда од етничка омраза. Секој што нема да го прифати кандидатот на ДУИ, мрази Албанци!
Се работело за промена на менталитетот, тврди Османи. Очигледно, клучот за хармонично општество е да се игнорираат сите грижи и критики и само да се прифати филозофијата „ДУИ најдобро знае“.
Кога станува збор за техничката влада, Османи предупредува ВМРО-ДПМНЕ да не ја саботира власта. Зашто, знаете, партиските разлики треба магично да исчезнат кога се гледаат низ „силна геостратешка леќа“. Не треба да има принципи и идеолошка конзистентност кога имате геополитички цели.
И да не ја заборавиме длабоката анализа на Османи за албанската опозиција – обични деривати на ДУИ, според него. Се чини дека иновацијата е непознат концепт на оваа политичка сцена. Не гласајте за нова партија – тие се исти како нас, вели Османи, гласајте за нас, додека не се појави спасителот. Османи исто така тврди дека Таравари не бил закана. Веројатно поради тоа се инсистира за коалиција.
Ставот на министерот Османи кон ДУИ и политиката е цинична вежба за одвраќање на критиките и одржување на статус кво.
Во верзијата на реалноста на Османи, Македонија очигледно е заглавена во временска кривина на етничка омраза, а секој што искажува валидна загриженост за ДУИ едноставно се вклучува во партиски препукувања.
Извор: 24MK
- ЕВРОПСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ПРЕТРПЕ ГОЛЕМИ ШТЕТИ ОД КЛИМАТА: Загубите достигнуваат до 17 милијарди евра
Екстремните временски неприлики предизвикаа сериозни финансиски загуби за европските земјоделци во текот на изминатото лето. Сушите, шумските пожари и топлотните… - ТИМЧО МУЦУНСКИ НАЈАВИ ЗАСИЛЕНА СОРАБОТКА СО САД: Фокус на нови инвестиции и трговска размена
Македонија бележи значителен напредок во политичкиот и економскиот дијалог со Соединетите Американски Држави. Ова го истакна министерот за надворешни работи… - ЕНТОНИ ГОРДОН СО ИСКРЕНА ИЗЈАВА ЗА БАРСЕЛОНА: Техниката е пресудна за успех во клубот
Англискиот репрезентативец Ентони Гордон истакна дека преминот во редовите на шпанскиот фудбалски гигант Барселона му овозможил потполно да го трансформира… - ТОШЕ ПРОЕСКИ ДОБИВА ФИЛМ И ДВЕ СЕРИИ: Проектот ќе го прикаже човекот зад гласот, концертите и митот
Животот и кариерата на Тоше Проески ќе бидат претставени преку игран филм, играна серија и документарна серија. Проектот, кој сè… - (ВО ЖИВО) Мицкоски на интервју по враќањето од плодната посета на САД

