Во последните 24 часа тестирани се 1.673 граѓани на Словенија, од кои 135 се позитивни, т.е. 8,1 проценти, што е за цел процент повеќе од претходниот ден, пренесува агенцијата СТА.
Динамиката на заразување во период од две недели во моментов изнесува 48 случаи на 100.000 жители, а бројот на активни случаи во Словенија денеска е 1.044, се вели во соопштението на Националниот институт за јавно здравје