Во последните 24 часа во Велика Британија се регистрирани најмал број на смртни случаи од Ковид-19 од средината на септември, покажуваат официјалните податоци.
Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани 3.423 новозаразени со коронавирусот и 10 смртни случаи.
Тоа е најмал број на починати од 14 септември, јави Гардијан.
Во исто време, во Шкотска се регистрирани 343 нови случаи на коронавирус, а во последното деноноќие нема починати пациенти со Ковид-19