До сега Мијалков е осуден на 12 години казна затвор за предметот „Таргет-Тврдина“, односно за незаконското масовно прислушување, потоа 8 години затвор за набавка на британска опрема за следење на електронската комуникација за УБК и 3 години затвор за предметот на СЈО „Титаник 2“, кој се однесува на изборни измами.
На обвинителна клупа во изминативе 50-тина рочишта седеа Мијалков и шест припадници на сега поранешната полициска единица „Алфа“ поради начинот на кој е изведено апсењето пред ресторанот „Воденица“ . Првото рочиште за Тортура беше закажано во март 2018 година. Мијалков е обвинет дека апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Бошковски е спроведено под негова наредба со цел политичко понижување на неговиот противник.