Најмалку 46 лица загинаа во сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запалил автобус со македонски таблици што сообраќал на релација од Истанбул до Скопје.

Според првичните информации, во несреќата има и преживеани.

Автобусот влегол во Бугарија од Турција преку ГП „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 02 часот на автопатот „Струма“ на правецот Софија – Благоевград.

Како што изјави за бугарските медиуми началникот на Пожарникарската служба Николај Николов, во автобусот патувале 53 лица. Загинале 45, а останатите се пренесени во болница. Автобусот е опожарен, а на местото на несреќата се уште се птотивпожарни екипи и медицински тимови.

Автобусот е со македонска регистрација, потврди началникот на Противпожарната служба Николај Николов.

-На 31 километар од автопатот се случи сообраќајна несреќа со автобус во кој се превезувале 52 лица, при што избувнал пожар. Загинале 46 лица. Оперативно -истражните дејствија се уште траат, но пожарот е поради несреќа. Останатите се пренесени во болница, и нивната состојба не е сериозна, изјави Николов.

Делницата од автопатот на која се слуи несреќата има многу проблеми, цело лето таму се поправаат дупки, изјави за БТВ експертот за патишта Дијана Русинова.

Претседателот Румен Радев и привремениот премиер на Бугарија Стефан Јанев разговарале со премиерот на на Македонија Зоран Заев. Го известиле за сите информации што ги имале за тешката сообраќајка.

Заев изрази сочувство за настраданите и најави дека заминува за Бугарија да ги посети преживеаните.

Поради тешката сообраќајна несреќа на 31-от километар од автопатот „Струма“ во правец од Софија кон Благоевград, автопатот ќе остане затворен во текот на целиот ден, барем во правец на Благоевград.

Автобуска несреќа во тој дел на Бугарија се случи и во 1996 година, загинаа 16 луѓе, но тогаш немаше автопат, пренесува БГНЕС.

Сообраќајот во двата правци на автопатот е во прекин.

Сочувство за загинатите изрази премиерот Зоран Заев, кој бил информиран за несреќата од бугарскиот премиер Стефан Јанев.

Премиерот Зоран Заев изрази сочувство за загинатите во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Во изјава за БНТ, Заев рече дека за несреќата бил информиран од бугарскиот претседател Румен Радев и од премиерот Стефан Јанев, јави дописникот на МИА.

Заев кажа дека веднаш заминува за Бугарија, а таму се упатени и надлежни екипи од Македонија.

– Не знаеме дали се македонски државјани, но претпоставуваме дека се Македонци. Ги известив македонските служби да ги подготват нашите екипи и да пристигнат на местото. Одам во Бугарија да ги посетам луѓето во болницата. Трагично е што меѓу жртвите има и деца. Ќе им бидеме многу благодарни на бугарските власти доколку ги откријат причините за инцидентот и ги споделат со Македонија. Сигурно граѓаните на Бугарија и Македонија ќе сакаат да знаат што се случило. Знаеме дека ова е голем пожар и дека поради него загинаа луѓе, но дали избувнал во сообраќајна несреќа или избувнал пред или поради несреќата, тоа ќе го кажат експертите. Голема трагедија, голема е нашата болка и сочувство до семејствата на загинатите. Господ да им ги упокои душите и да се молиме за добро здравје на преживеаните. Првичните информации се дека се враќале од патување од Истанбул, изјави Заев.

Преземено од МИА
ВИДЕО на следниот линк