Министерството за внатрешни работи на Татарстан денеска соопшти дека масакрот во училиштето во рускиот град Казан го извел еден тинејџер, кој е приведен. Министерството за внатрешни работи на Татарстан соопшти дека напаѓачот бил сам и немал соучесници. Напаѓачот имал експлозивна направа и автоматско оружје.
Иако локалните медиуми јавуваат за 11 убиени, според официјалните податоци напаѓачот уби осум лица, од кои седум се деца. Претседателот на Татарстан Рустам Миниханов, кој веднаш допатува на местото на нападот рече дека се убиени седум ученици.
Инаку, напаѓачот, идентификуван како Илназ Гаиалијев, има 19 години и е поранешен ученик во тоа училиште. Според порталот База, тој на апликацијата Телеграм пред нападот креирал канал и оставил неколку пораки. Се фотографирал со маска на која пишува „Бог“ и напишал дека ќе го нападне училиштето а потоа ќе се застрела себеси.
Мотивот за нападот не е познат но,тој на распитот изјави:
-Јас **** почнав да ги мразам сите ****. Отсекогаш сум ги мразел сите!