Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.