Со оваа одлука се прошируваат критериумите што ќе овозможат поединци и субјекти кои ги организираат или придонесуваат за активностите на режимот на Лукашенко за овозможување на нелегално минување на надворешните граници на ЕУ, да се најдат на листата на санкционирани.

Денешната одлука ја одразува решителноста на ЕУ да се спротивстави на инструментализацијата на мигрантите за политички цели. Ова е реакција за нехуманите и незаконски практики. Во исто време, продолжуваме да се спротивставуваме на неприфатливата репресија на режимот врз сопственото население и соодветно ќе реагираме, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борељ.

Денешната одлука на Советот на ЕУ следува по заклучоците на Европскиот совет од 21 и 22 октомври 2021 година, во кои лидерите на ЕУ изјавија дека нема да прифатат никаков обид на трети земји да ги инструментализираат мигрантите за политички цели, ги осудија сите хибридни напади на границите на ЕУ и потврди дека ќе одговора на ваквите потези на Минск.