Оттаму се надеваат дека што е можно поскоро ќе се обезбедат услови за живот.
-Граѓаните на Карпош не се сами, мора да бидеме солидарни и да се помагаме меѓусебе – нагласи градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, заблагодарувајќи им се на сите што се вклучени да помогнат во реконструкцијата на опожарените куќи.
Во пожарот кој се случи на 20 декември, годинава беа опожарени три куќи од кои едната е целосно изгорена. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната екипа беше спречена поголема катастрофа.