Тој оцени дека билатералните врски ги зајакнуваат вооружените сили на двете земји.

Украина купи и распореди турски беспилотни летала во војната против силите поддржани од Русија во регионот на Донбас, што ја налути Москва, но најновите движења на руските војници на границата со Украина предизвикаа загриженост на Западот, пренесуваaт агенциите.

Зеленски на својот Твитер профил напиша дека партнерството со Турција се продлабочува.

-Тоа ги зајакнува вооружените сили на нашите две земји, оцени украинскиот претседател.