Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека британскиот премиер Борис Џонсон во телефонски разговор му потврдил дека Велика Британија ќе испрати нов пакет воена помош за Украина.
Зеленски додава дека тој и Џонсон бараат начин да ја избегнат кризата со храна и да ги деблокираат украинските пристаништа.