Земјотрес во Македонија со јачина од 2,7 степени е регистриран попладнево во Тетово и Гостивар
Земјотрес во Македонија со јачина од 2,7 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 16 часот и 14 минути во тетовскиот регион.
Според податоците од телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, епицентарот се наоѓал во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 километри западно од Скопје.
Македонската сеизмолошка опсерваторија соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од пет километри.
Земјотресот во Македонија бил со локална Рихтерова магнитуда ML 2,7 и бил почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина.
Интензитетот на тресењето, според досегашните податоци, достигнал III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС).