Доцна синоќ, владин советник објави дека фабриката е во руски раце по жестоките борби со украинските војници за контрола на локацијата кон морето.

Но, во ажурирањето денеска, баталјонот Азов, кој има големо присуство во Мариупол, рече дека фабриката останува во нивни раце.

„Непријателот не стигнал толку далеку во градот. Украинската морнарица, заедно со баталјонот Азов, заедно со полицијата, продолжуваат да го бранат градот и неговите цивили“, изјави членот на баталјонот Владислав Соболиевски за украинската телевизија.

„Денес фабриката Азов Стил е под наша контрола. Воздушни напади го погодија целиот град, вклучително и фабриката, но непријателот не ги положи рацете врз нашата фабрика“.

Џиновската челичарница се наоѓа веднаш на исток од центарот на градот Мариупол. Губењето на контролата врз објектот на руските сили би било огромно назадување за украинските напори да се држи до градот,објави Си-Ен-Ен.