Како што информира ОЈО, обвинетиот 45-годишник, на местото викано Осој во атарот на селото Скудриње, во близина на регионалниот пат од Ростуше кон Дебар, зазел во владение земјиште во сопственост на Република С. Македонија со површина од 2.176 квадратни метри.
-На наведената катастарска парцела, без одобрение за градење, земјиштето го преградил од двете страни со бетонски ѕид со висина од три метри и дебелина од 40 сантиметри, соопшти ОЈО.