– Шпанија, каде треба да се носи маска на отворено од крајот на првиот бран на пандемијата, наскоро ќе ја укине мерката, вети премиерот Педро Санчез.
Тој не даде прецизен датум, но главниот епидемиолог на Министерството за здравство, Фернандо Симон неодамна ги спомена „крајот на јуни“ или „крајот на јули“ како можни датуми за укинување на тоа строго правило.
Маската мора да ја носат на отворено во Шпанија сите над 6 години.
Со повеќе од 80.000 смртни случаи и 3,7 милиони случаи од почетокот на пандемијата, Шпанија е една од најпогодените европски земји.
– Но, бројот на нови случаи нагло опадна во последните неколку недели, благодарение на напредокот во кампањата за вакцинација, пишува агенцијата Франс прес.