Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и порача дека групата Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства.
Г7, исто така, го засилува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства. Тие го поддржуваат Путин. Крадат од рускиот народ и се обидуваат да ги скријат своите пари во нашите земји. Тие се дел од таа клептократија што постои во Москва и мора да бидат дел во овие санкции – изјави Бајден во Белата куќа.
Бајден изјави дека ќе биде забранет увозот на морска храна, вотка и дијаманти од Русија. Ќе се забрани и извоз на луксузни стоки во Русија.
Тој додаде дека САД ќе го отповика статусот на Русија на „трајни нормални трговски односи“. Тоа значи дека САД ќе воведат царини за широк спектар на руски стоки.
-Ќе продолжиме да го притискаме Путин. Тој е агресор, тој мора да ја плати цената – истакна Бајден.