Бајден ќе се сретне со Путин на 16 јуни во швајцарска вила од 18 век со поглед на Женевското езеро, кога двајцата лидери ќе треба да разговараат за стратешки важната нуклеарна стабилност и влошените односи меѓу Кремљ и Западот.
Претставникот на Белата куќа изјави дека се очекува состанокот да биде искрен и директен.
– Самостојна прес-конференција е соодветна форма на јасна комуникација со слободните медиуми за темите што треба да се отворат на состанокот – и во однос на областите за кои можеме да се договориме и за областите на поголема загриженост, додаде претставникот на Белата куќа.