-Македонската опозиција веќе ги поддржа законите од петиот сет економски мерки. Што се однесува до албанската опозиција денеска ги повикавме да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок и изгледа нивната цел е само да блокираат, а да не придонесуваат за таквите мерки, истакна Бектеши.
Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат
Б
Албанската опозицијата денеска беше повикана на средба за да се договориме за различни теми и тие не прифатија. Нивната цел изгледа е само да блокираат, а не да придонесуваат, изјави министерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање.
