За време на овој инцидент, што предизвика меѓународна осуда и санкции против земјата, Белорусија го уапси новинарот и опозиционер Роман Протасевич, кој патувал од Атина до Вилнус со авионот на Рајанер.

Транскриптот објавен денеска се разликува од деловите на разговорот меѓу контролорот и екипажот на авионот што претходно беа објавени на белоруската државна телевизија, а се чини дека се разликува од претходните изјави на официјалните лица на аеродромот во Минск.

Белорусија во неделата испрати воен авион принудно да слета авион на Рајанер поради лажна дојава за поставена бомба, по што беше уапсен опозиционерот Роман Протасевич, кој патуваше од Атина во Вилнус, што западните лидери го нарекоа „државно пиратство”.

Белорусија соопшти дека авионот на Рајанер, на релација Атина-Вилнус, го приземјила откако добила порака од палестински Хамас, кој се заканил дека ќе го разнесе авионот над белорускиот воздушен простор, освен ако Европската унија не го осуди Израел поради конфликтот во Газа.