Без струја утре ќе бидат дел од корисниците од општините Центар и Ѓорче Петров поради веќе закажани технички зафати.
Во време од 9 до 14 часот без електрична енергија утре ќе останат корисниците од улица Стив Наумов зграда 102-Г и 102-Д во општина Центар и од 9:30 – 13:30 часот корисниците од селата: Кондово, Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Копаница, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје, Грачани во општина Сарај, како и населба викана Веле Поле и дел од село Кучково во општина Ѓорче Петров.