Реагира по прифаќањето на гаранцијата од 55.000 евра и укинувањето на притворот

Јане Ченто ја коментираше одлуката на Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје да ја прифати гаранцијата од 55.000 евра за Стефан Богоев и да му го укине притворот, оценувајќи дека во правосудниот систем се применуваат различни критериуми за различни лица.

Во објава на социјалните мрежи, Ченто посочи дека не се залага за лесно определување на мерката притвор, но смета дека проблемот е во нееднаквиот пристап на институциите.

„Да не бидам погрешно сфатен, јас сум против тоа лесно да се определува најтешката мерка притвор. Но, она што многу ми пречи се двојните стандарди“, напиша Ченто.

Според него, токму ваквите случаи придонесуваат граѓаните да ја губат довербата во судството и обвинителството.

„Знам како е кога од куќен притвор повторно те враќаат во Шутка 20 и кусур месеци. Знам како е кога 10-15 семејства собираат гаранции со свој имот во вредност од над половина милион евра за да потврдат дека нема да избегаш, а судот тоа го одбива“, наведува Ченто.

Тврди дека за различни случаи се применуваат различни критериуми

Во својата реакција тој посочува дека постојат случаи во кои, според него, биле донесени поинакви одлуки и покрај слични околности.

„Од друга страна гледаме случаи каде лица што биле во бегство добиваат куќен притвор. Други однапред договараат услови за враќање во државата иако биле во бегство. Трети со далеку помали гаранции се бранат од слобода“, пишува Ченто.

Тој нагласува дека не го оспорува правото некој да добие поблага мерка, туку смета дека законите треба да важат подеднакво за сите.

„Правдата не смее да зависи од тоа кој си, кого познаваш или на која страна се наоѓаш. Ако сакаме доверба во институциите, тогаш мора да има еднакви аршини за сите. Во спротивно, народот со право ќе продолжи да верува дека за едни има правда, а за други само неправда“, наведува Ченто.

Реакцијата ја завршува со зборовите: „Срамота е“.

Повод за неговата објава е одлуката на Кривичниот совет да ја уважи жалбата на Стефан Богоев, да ја прифати гаранцијата од 55.000 евра и да му определи мерки на претпазливост, односно одземање на патната исправа и забрана за напуштање на